Во четвртокот вечерта, посетителите на твитер-страницата на Доналд Трамп, цели 11 минути  можеа да видат  порака  “За жал, таа страница не постои!”

Еден работник во компанијата ,,Твитер“, успеал вчера накусо да ја деактивира твитер сметката(налогот) на американскиот претседател, Доналд Трамп. Ова предизвика бура од реакции во јавноста, во медиумите, но и самата компанија, бидејќи е лоша вест и за корисниците и за компанијата.  Сознанието дека некој може туку-така да влезе во страницата на еден од најобезбедуваните луѓе на планетата, ги загрижи сите.

Безбедноста на твитер профилот на американскиот претседател е главна тема на светските медиуми, посебно што Трамп секојдневно го користи својот акаунт, пишувајќи и испраќајќи државнички пораку преку него во светот.

,,Твитер профилот на американскиот претседател, Доналд Трамп, во четвртокот  накратко исчезна , но потоа е обновен“, соопшти компанијата за социјални медиуми.
Таа извести дека сметката на @realdonaldtrump била “деактивирана” од страна на еден вработен, подоцна појаснувајќи дека тоа се случило на последниот негов работен ден во компанијата и дека било ненамерно.

Сметката беше деактивирана цели  11 минути, а Твитер сега истражува како е возможно да дојде до тоа.
Г-дин Трамп – кој е активен корисник на Твитер со 41,7 милиони следбеници – не го коментираше ова прашање.
Но, последниот инцидент ја отвори дебатата околу безбедноста на твитер-профил на Претседателот, со оглед на потенцијалните последици од написите што лажно му се припишуваат .
,,Твитер“ најави “целосна внатрешна ревизија” во компанијата.