Врховниот суд пушти на слобода 4 обвинети за случајот ,,Монструм“

Врховниот суд на Република Македонија донесе решение по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како „Монструм“, со кое на обвинетите А.И., Ф.А., Х.А. и С.Љ. им се определени други мерки за претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје I Скопје два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат на слобода.

Врховниот суд претходно ја поништи првостепената и второстепената пресуда во случајот „Монструм“ за масакрот кај Смилковското езеро, а на обвинетите повторно ќе им се суди.

Ваквата одлука, судот ја образложува велејќи дека меѓу другото фактичката состојба е погрешно и нецелосно утврдена, бидејќи пониските судови, теоријата на докажување ја засновале на искази кои биле контрадикторни.