Второ поскапување на дизелот во последните две недели, 1 литар =59,50 денари

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Согласно одлуката малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,00 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит и изнесува 59,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,764 ден/кг и изнесува 29,367ден/кг.

Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,66%, односно за 1,29% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 28.12.2017 година.

Како причина за зголемување на продажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-ет дневен период,која изнесувала 66,542 долари за барел, и е за 3,81% повисока од просечната цена на суровата нафта (64,099 $/барел) по која биле формирани цените на нафтените деривати.