Вучиќ откри странски служби и во Србија

На вонредна и драматична  прес конференција српскиот премиер Александар Вучиќ објави дека Безбедносната информативна агенција (БИА) открила група српски државјани кои со помош на странски служби подготвувале разни напади на територииите на Србија и на Црна Гора.

Тој рече дека организирана група подолго време го следела црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, дека знаеле се што прави и каде се движи. Тој потенцираше дека се работи за следење со современи системи.

Групата е уапсена, а според Вучиќ, српската влада има материјални докази за овие тврдења. Пронајдени се големи суми пари кај уапсените, техничка логистика, униформи. Консултирајќи се постојано со претставниците на БИА, тој се воздржуваше од други детали.

За оваа акција на српските безбедносни служби известени се црногорската влада и премиерот Мило Ѓукановиќ.

Вучиќ со висок тон им се обрати и на страските амбасади дека нема да дозволи да роварат во Србија.

Во Црна Гора на денот на избори беа уапсени 20 српски државјани за наводен план за киднапирање на Ѓукановиќ и напади врз црногорските институции.