Вучиќ страхува од прелевање на македонската криза во Србија(видео)

,,За стабилноста и мирот во регионот многу е важно на мирен начин да се реши проблемот со формирањето на владата во Македонија. Тоа за нас е од огромно значење. Ако имаме незадоволни Албанци од состојбата во Македонија може проблемот од таму да се пренесе кај нас и да имаме проблеми на југот на Србија. Доколку пак, дојде до судир меѓу Македонците, што никој не посакува, тоа би предизвикало тешки последици за сите нас во цела Срвија и регионот“.

Ова го изјави српскиот Премиер и иден Претседател Александар Вучиќ по средбата со американскиот републикански сенатор Џон Мекејн во Блеград.

Српскиот премиер нагласи дека од суштинско значење за сите во Западен Балкан е да се реши проблемот во Македонија и рече дека се надева оти со почитување на македонските закони проблемот ќе биде решен на мирен начин.