Вучиќ ја прими и разговараше со македонската амбасадорка во Белград

Претседателот на  Република Србија, Александар Вучић, ја примил амбасадорката на РМ во оваа земја Вера Јовановска Типко.

Како што информираат од кабинетот на Вучиќ, тие разговарале за добрососедските односи и традиционалното пријателство.

,,Сите сметаме дека е потребно да работиме вредно и одговорно за унапредување на нашите односи„-нагласил Вучиќ на почеток од средбата.

Тој ја известил Типко дека премиерката Ана Брнабиќ ќе му упати повик за заедничка седница на двете влади на македонскиот премиер  Зоран Заев, која би требало да се одржи до крајот на оваа година.