В.Д. претседателот на Основен суд Скопје 1 Стојанче Рибарев поднесе оставка

Стојанче Рибарев си поднел оставка од функцијата в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, дознава Плусинфо.

Од Судскиот совет официјално не ја потврдуваат информацијата, а претседателот Зоран Караџовски информирал дека наскоро ќе објават соопштение на веб-страница.

Рибарев деновиве не се појавувал на работа во Кривичниот суд бидејќи заминал на боледување. Неговото боледување доаѓа непосредно откако беше сослушан од Специјалното јавно обвинителство кое води предистражна постапка дали бил злоупотребен АКМИС – системот за електронско распоредување на судските предмети и дали Владимир Панчевски, екс-претседателот на Кривичен, издавал информации за судски случаи.

Извор:Плусинфо