„Галакси 7“ ги урива акциите на „Самсунг“

Акциите на европските берзи пораснаа при што главниот индекс на Лондонската берза достигна рекордна вредност благодарение на слабата фунта.

Ниската вредност на фунтата, како последица на загриженоста заради резултатот од Брегзит, му помогна денеска на лондонскиот индекс ФТСЕ 100 да порасне на 7.129,83 поени, со што беше надминато претходното рекордно ниво на тој индекс од 27 април минатата година, пренесува Франс прес.

Откако Британците во јуни донесоа одлука за напуштање на ЕУ, фунтата изгуби речиси 18 проценти од вредноста, наведува француската агенција.

Франкфуртскиот индекс Дакс 30, вчера, во попладневните часови, зајакна за 0,3 отсто, на 10.653 поени, а парискиот КАК 40 за 0,1 отсто, на 4.502,19 поени.

frankfurt-dax-30

Во САД, акциите го почнаа тргувањето во минус, па така 50 минути од отворањето на берзата индустрискиот индекс Дау Џонс падна за 0,7 отсто, на 18.206,32 поени, S&P беше во минус со истиот процент, на 2.147,95 поени, а технолошкиот Насдак за 0,8 отсто, на 5.287,21 поени.

На девизните берзи, фунтата падна на 1,2316 долари од вчерашните 1,2362 долари, еврото спрема фунтата ослабе на 90,07 пени, а спрема доларот на 1,1095 долари од 1,1137 долари, додека доларот падна на 103,59 јени од 103,62 јени.

Во Азија, токискиот индекс Никеи 225 зајакна за 1,0 отсто, шангајскиот за 0,6 отсто, а хонгкошкиот Ханг Сенг падна за 1,3 отсто, наведува АФП.

galaxy-7

Акциите на „Самсунг“, најголемиот светски производител на смартфони, паднаа за осум отсто, откако таа компанија ја запре продажбата на смартфонот „Галакси 7“ и ги повика корисниците да не ги користат уредите додека не се истражи пријавата за, наводно, нови експлзоии на батериите.