На централните градски улици во Барселона се наоѓаат десетици илјади луѓе, кои на мирен протест сакаат да го искажат негодувањето со бруталната полициска акција изминатата недела.

Целиот град е блокиран, а демонстарнитите велат дека ова е генерален штрајк и дека ќе останат до вечер на улиците.

На проетстот учествуваат 40-ина синдикати и здруженија за заштита на правата на граѓаните.

Музеите се затворени, а не работат градинките, училиштата, јавниот превоз, државните институции…

Фудбалските клубови од лигата во Каталонија најавија дека ќе се приклучат на генералниот штрајк.