Генералниот секретар Рашковски најави голем скандал со фирма на братот на Крсто Мукоски

Генералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, најави голем скандал, којшто ќе биде обелоденет деновиве, со фирма на братот на пратеникот Крсто Мукоски. Тој открива дека преку фирмата ,,Атриум“, во сопственост на Бобан Мукоски, брат на Крсто Мукоски, која ги добивала речиси сите тендери поврзани со работи на Градски стадион, само за работна рака за местење или замена на едно столче, и било плаќано по 1.400 денари.

Рашковски на својот ФБ профил напиша:

,,Додека болниците личеле на сцени од хорор филм и македонскиот народ работел за минималец, фирмата Атриум, сопственост на братот на Крсте Мукоски, само за работна рака за промена на скршено столче на градски стадион (2 или 4 штрафа) добивала по 1400 денари. Ова е само наговестување на големиот скандал за кој деновиве ќе се објават точни бројки.“

Рашковски и претходно објави скандал со оваа фирма.

Имано,  во јуни, тој објави дека „Атриум“, семејната фирма на пратеникот Крсто Мукоски, бил склучен договор за варосување на „Телеком арена“, но дека тоа е само еден од десетиците тендери кои оваа фирма со години ги добивала од разни државни институции. Сепак од сите нив, фирмата на браќата Мукоски најдобри релации изградила со министерствата за образование и за здравство.

Во повеќе наврати и во различни медиуми е пишувано за моќта на вевчанската “фамилија“, чиј дел се и вујковците на Мукоски, градоначалникот Цветомир Угриновски и бизнисменот Ѓорѓи Угриновски, неговата ќерка Сања Угриновска Спасеноска доскорешен шеф на кабинетот на Трајко Вељаноски, нејзиниот сопруг, поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Спасеноски и за нивната „папочна врска“ со ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, и фицијалниот документ на Централниот регистар, покажува дека Крсто Мукоски е основач и сопственик на „Атриум“.

Семејството Мукоски изминатите години, инкасирала неколку милиони евра, преку добивање на тендери. Парите се исплаќани директно од буџетот на РМ.

После обелоденувањето на скандалозниот договор за варосување на најголемиот фудбалски стадион во државава, јасно беше  дека работата е добиена  преку АД за стопанисување на станбен и деловен простор чиј директор е екс пратеникот на ДПМНЕ Цветко Грозданов, .

Она што е интересно е дека „Атриум“ во повеќе наврати се офајдил преку зделките добиени на тендер, а запотребите на АД, на чие чело се наоѓа Грозданов. Една од најголемите е договорот за изградба на социјални станови во Кочани, за кои на сметката на „Атриум“ легнале 53.953.652,82 денари.

АКО.мк