Германија: Стоп за „социјалниот туризам“

Владата на Германија подготвува нешто што река луѓе од државите надвор од Европската унија тешко ќе го сварат. Ако помине законот, дојденците ќе мора пет години да чекаат за социјална помош.

Противниците на ваквата иницијатива тврдат дека новиот пропис е спротивен на Уставот.

Властите во Берлин одлучиле да стават точка на, како што викаат, „социјалниот туризам“.

Се повеќе има такви кои во Германија доаѓаат на повик на роднини и пријатели, поминуваат кај нив шест месеци и, иако ниту ден стаж немаат во оваа држава, поднесуваат барање за социјална помош и без проблеми ја добиваат.

Кабинетот на канцеларката Ангела Меркел во средата потпишал и во Бундестагот испратил предлог закон кој драстично ги намалува правата на социјални бенифиции на емигрантите од земјите надвор од ЕУ.

Од ова ќе бидат исклучени државјаните на членките на Унијата, но и нивните права се намалуваат, појасни министерката за труд, Андреа Налс.

„Странците кои доаѓаат од земјите од ЕУ во потрага по работа и егзистенција, ќе имаат право на едномесечна парична помош, а потоа ќе им бидат исплатени пари за враќање во земјата од каде што дошле“, вели Налс.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезијер, пак, пишува нов закон со кој сака да ја забрза депортацијата на странците кои се осудувани и претставуваат закана за безбедноста на државата. Мезијер смета дека најмалку 100 илјади луѓе ге бидат протерани од Германија.