Геровски: Уредно ги пријавив заканите од Палевски, но немаше униформирани полицајци

Колегата Бранко Геровски реагираше на насловот на АКО. мк

Палевски и Геровски дојдоа пред ,,Манда“ да се тепаат, долгогодишниот новинар полеан со боја

Неговата реакција и објаснување ги објавуваме во целост:

,,Прво, јас дојдов пред „Манда“, а Палевски беше таму со булумента поддржувачи. Второ, јас не дојдов да се тепам, туку, како што уредно објавив вчера, со намера да му овозможам на Палевски да ја реализира својата закана кон мене да ми врзе шамар и да направи селфи. Патем речено, заканата е уредно пријавена кај министерот за вматрешни работи Оливер Спасовски.
Што се однесува до текстот, можеби би ве интересирале некои факти кои, верувам ненамерно, се пропуштени. Пред се, тепачката пред „Манда“ ја закажа Палевски, во определеното време. Јас само ја испочитував неговата сатница. Вообичаено, во вакви (не)прилики, кога има настан од ризик, на местото се испраќаат унформирани полицајци. Такви немаше. Некој одлучил да нема. Интересно:
Се ширеа шпекулации дека пред „Манда“ имало „алфи“. Ако имало, имало. Јас експлицитно барав никој да не ми помага и да не се меша во она што требаше да биде тепачка, а стана перформанс на една будала. Сите приказни дека сум организирал поддршка од полицајци паднаа во вода.
Особено се смешни прикаските на порталот Република дека сум имал поддршка од голема група вработени во „Слободен печат“. Ниту еден вработен во „Слободен печат“ немаше, бидејќи од моите колеги побарав (да не речам, им наредив) да си ја вршат работата.
Еден професионален извештај, мислам, би можел да ги има на ум овие факти што ви ги предочувам. Не мешајќи се, секако, во вашето мислење за настанот“-пишува Геровски.