Ги претепал ќерката и сопругата , а потоа скокнал од петти кат(видео)

Маж на 41 годишна возраст, синоќа околу 21 и 30, во Нов Белград, ги претепал 13 годишната ќерка и 34 годишната сопруга, а потоа скокнал од станот во кој живееле.

Како што пишува Блиц, таткото и скршил прст на својата ќерка, а за време на семејното насилство во станот се наоѓала неговата една година помлада ќерка и уште едно девојче кое било на гости.

Жената трпела малтретирање 15 години, а неодамна се вработила што дополнително ја влошило ситуацијата во семејството. За време на семејното насилство, никој од соседите не сакал да и отвори врата и да и помогне, но некој ја повикал полицијата.

Во Србија има голем проблем со семејно насилство. Само за 4 месеци биле изречени 7.874 итни мерки за сторители или спречување на семејно насилство.