Глумците од МНТ се солидаризираа со уапсениот колега Јовановски и ја откажаа претставата

Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски,  Гораст Цветковски
Бошко, Александар Микиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Оливер Митковски, Камка Тоциновски и останата екипа која игра во ,,Ничија земја’, вечерва ја откажаа претставата во знак на поддршка или простест заради 30 дневниот притвор на нивниот колега Владо Јовановски. 

Јовановски беше дел од организаторите на протестите, кои резултираа со организиран напад на пратениците од СДСМ и коалицијата на 27 април во Собрание на РМ.