Голема тепачка меѓу две семејства во струмичкото Турско маало

Нож, лопата, дрва и тупаници „играле“ синоќа во тепачката во Турското маало. Bчера околу 17.40 во Турското маало во Струмица на улица Бетовенова бил нарушен јавниот ред и мир од Џ.С (21) ,Џ.М (49),Џ.С (31),Џ.Е (26) И Џ.Б (37) од една и Р.М (62), Ќ.Р (33) и А.Д (28) од друга страна,соопшти МВР. Во пресметката биле користени тупаници, дрва, лопата, а во еден момент С.Џ со нож замавнал кон Р.М при што му нанел расекотина на десната рака.Според полицијата нема потешко повредени учесници во тепачката, а дел од нив се здобиле само со лесни телесни повреди и по укажаната медицинска помош се пуштени дома.

Инаку,според пишувањата на Југоинфо портал,според очевидци,синоќа некаде пред 18 часот во непосредна близина на џамијата дошло до голема тепачка меѓу две семејства, при што според кажувања на тамошните жители, биле користени секири и ножеви и имало потешко повредени.Бројно било полициското присутво на терен, а според очевидци,меѓу седум и осум полициски возила пристигнале на местото на крвавата пресметка. Од разговор со жители  се дознава дека нетрпеливоста меѓу двете семејства, кои се и во роднинска врска, траела неколку денови, а ескалирала синоќа.

Извор:Југоинфо