Триото на Дамјан Пејчиноски ја доби наградата “Excellence in performance” (Извонредност во изведбата) во Ланжоу, НР Кина за нивните концерти одржани на фестивалот China Cultural Season 2017.
Во периодот од 6 до 12 јули 2017, по концертот во Њу Јорк- САД, Дамјан Пејчиноски Трио гостуваше на фестивалот China Cultural Season 2017, организиран од Министерството за култура на НР Кина и Џез Асоцијацијата на Кина (The Chinese Jazz Association).
Во рамките на овој голем интернационален фестивал, Триото на Дамјан Пејчиноски имаше четири концерти на кои, пред масовна публика, изведуваше македонски евергрини во џез аранжмани, класични композиции, џез стандарди и авторски композиции, аранжирани од Пејчиноски.
Наградата, по свечена церемонија, лично им ја врачи Градоначалникот на Ланжоу.

Damjan Pejcinoski trio received a reward for "Excellence In Performance" at the China Cultural Season Festival – Lanzhou 2017 handed personally by the 1st Major of Lanzhou. Such an honor to receive this prize and to stand among the best awarded performers of this international festival. Thank you dear people of China, thank you Xiaolei Zhang for bringing us to this festival and to the Major of Lanzhou for this act of huge respect. We are deeply touched by your hospitality and spirit.Much love,Damjan Pejcinoski Trio

Posted by Damjan Pejcinoski on Tuesday, July 11, 2017

 

Гитарското трио го сочинуваат Дамјан Пејчиновски, Горан Ѓешовски и Иван Петровски, а изведуваат џез-преработки на класични дела, како и џипси-џез композиции.

Дамјан Пејчиновски е македонски гитарист роден во Охрид, кој своето џез-образовние го стекнал на Националната музичка академија во Бугарија. Неговата активна изведувачка дејност вклучува концерти во повеќе земји на Балканот, а чест гостин е и на фестивалите во овој регион. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Горан Ѓешовски исто така е дипломец на Националната музичка академија во Бугарија, а своето знаење го надградувал на бројни мајсторски курсеви кај истакнати џез-басисти. Значајна е неговата соработка со македонската етно-група „Синтезис“, како и „Тавитијан брадрс трио“ со кои настапувал во некои од најпрестижните сали во светот, меѓу кои и „Карнеги хол“ во Њујорк.

Иван Петровски е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Видеото е од настапот на гитаристот Дамјан Пејчиновски со оркестарот на Белорусија.