На јужната трибина на 156. дерби помеѓу вечните ривали Партизан и Црвена Ѕвезда во Белград, се случи голем инцидент меѓу навивачките групи.  Според информациите на медиумите од Србија, околу 20 лица се повредени, а еден навивач на „Црно-белите“  е пренесен во болница и се бори за живот.

Две фракции на домашните навивачи, популарните „Гробари“ се степале меѓу себе за превласт на трибината. Инцидентот започнал кога еден од нив го запалил знамето на Партизан, а потоа почнале да гаѓаат со запалени факели. Дел од навивачите морале да ја соблечат облеката која била зафатена со пламен.

Натпреварот меѓу Партизан и Црвена Ѕвезда заврши нерешено 1:1.

Видео: Телеграф.рс