Голем пожар во центарот на Скопје

Обновено

Локализиран е пожарот што избувна денеска околу девет часот зад  паркингот кај хотел Холидеј ин во центарот на Скопје. Изгореа делови од магацин на сервис за вградување плински уреди, како  и дел од барака со канцеларија. Според пожарникарите што учествуваа во гасење на пожарот што се закануваше да ги зафати блиските куќи, нема повредени.

Во тек е расчистување на локацијата, а направена е голема материјална штета.