Горан Грујeвски доби една и пол година затвор за незаконско уништување документи

Горан Грујeвски, поранешен началник на Петта управа, доби една и пол година затвор за уништување на службени документи. Тој е осуден за дело по обвинение на СЈО и ова е прва пресуда воопшто за поднесено обвинение на ова обвинителство.

За предметот Тврдина 2 им се судеше и на неколку службенички, кои по наредба на Грујeвски, учествувале во уништување на документите. Тие се осудени условно.