Горан Пандев ќе заработува само 500.000 евра годишно во Џенова

 

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандева во Џенова, за договор од 12 месеци, ќе заработи само 500.000 евра, со што еден од послабо платените фудбалери во еден од најстарите италијански клубови. Пандев ова лето имаше бројни понуди да ја напушти Џенова, но сепак одлучи да остане, но за далеку помала плата.

Според италијанските медиуми кои  ја објавија листата на плати на сите фудбалери, најплатен играч во Џенова е Бертолачи, со примања од два милиони евра по сезона.

Во Серија А најплатени фудбалери се Гонзало Игуаин (Јувентус) и Леонардо Бонучи (Милан) со сезонска плата од 7,5 милиони евра, а ги следи Пауло Дибала (Јувентус) со 7 милиони евра.