Гордана Јанкуловска не го признава СЈО

Гордана Јанкуловска која во масовната аболиција на дела поврзани од прислушуваните разговори беше аболицирана од претседателот Иванов дури 14 пати, односно за 14 кривични дела, денеска на излегување од СЈО рече дека тоа го изгубило кредибилитетот, но таа се јавува на распит, бидејќи станува збор за државна институција. Јанкуловска не откри за кој случај е повикана да даде изјава.

Според неофицијални информации, таа најверојатно е на распит за донации на ВМРО ДПМНЕ во минатото.

Како што е познато, Јанкуловска во минатото беше обвинувана дека како Генерален секретар на партијата, а подоцна висок функционер во истата, примала донации во кеш, а за некои издавала само каса-прими, додека за некои нема никакво писмено покритеие.

Во 2014 година непосредно пред и по предвремените парламентарни избори стана актуелна нејзината улога во овие незаконски донации, а посебно кога за тоа проговори еден од најголемите донатори во минатото на ВМРО ДПМНЕ Загорац Тумбовски, кој е во бегство и сега живее и работи во Бугарија. Тој во отсуство беше осуден на затворска казна од 6 години за дела поврзани со Јака Табак.

Во април 2014 на ден пред големиот државен празник Илинден, во време на судските одмори, скришум, Обвинителството соопшти дека нема да поведе кривична постапка против Гордана Јанкуловска за незаконско примање на 80.000 евра во кеш, донација за ВМРО-ДПМНЕ, соопшти тогаш Дамјан Манчевски, потпретседателот на СДСМ.

-Уште една потврда дека во Македонија не функционира правната држава. Само уште еден доказ дека не постои одвоеност на владејачката партија од државата.

Јавниот обвинител се правда дека нема да поведе истрага со банални објаснувања, рече Манчевски тогаш и додаде:

„Во Статутот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во чл.17 не стои одредба според која генералниот секретар е орган на партијата, туку истиот според одредбите на Статутот по функција е член на Извршниот комитет на партијата, при што неговите надлежности исклучително се само во доменот на административно – технички работи.“

Г-ине Зврлевски, каде во Статутот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ пишува дека Гордана Јанкуловска може да прима пари во кеш?-праша на прес конференција потпретседателот на СДСМ.

Доказите кои што СДСМ ги презентираше во јавноста, каса прими, со печат на ВМРО-ДПМНЕ и потпис, Зврлевски ги отфли без графолошко испитување кое со сигурност можело да потврди дали потписот е на Гордана Јанкуловска.

Не се земени  предвид ниту исказите на сведокот Загорац Тумбовски кои го потврдуваат кривичното дело.

Манчевски на прес конференцијата на почетокот на август 2014 најави дека СДСМ  ќе продолжи да ја бара правдата за овој случај и во сите други инстанци и меѓународни организации кои што можат да се инволвираат. Тие најавија тогаш дека ќе потсетуваат на овој случај, и дека ќе дојде време, оваа, и другите афери како Актор и многу други кои што останаа без да се отвори истрага, кога ќе бидат детално разјаснети од истражните органи.

Еве дел од таа прес конференција на Дамјан Манчевски од летото 2014 година кога Јавниот обвинител Марко Зврлевски одби да покрене истрага за наводите за незаконско финансирање и донации за ВМРО ДПМНЕ.

Јанкуловска е осомничена од СЈО за повеќе слушаи поврзани со дела произлезени од прислушуваните разговори.

АКО.мк