Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, со својот сопруг си живеат спокоен живот. Таа на својот ФБ профил постираше фотографии на кои се гледа како ужива на Охридско Езеро, веслајќи кану.

Јанкуловска е дел од поранешната раководна и владејачка структура на ВМРО ДПМНЕ, со повеќе обвиненија од СЈО за сериозни кривични дела и злоупотреба на службената должност.

Но, судот досега ги одби сите барања на обвинителите за притвор и таа комотно си живее на релација Скопје-Охрид, од каде и потекнува.

На Јанкуловска привремено и е одземен пасошот.