Градоначалникот на општина Центар го крои буџетот со граѓаните на јавна расправа

Неколку дена трае јавната расправа за буџетот на оштина Центар, на која учествуваат граѓани.

Од денешната работа, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, најави дека парите од прокетот Скопје 2014 ќе се пренаменат за проекти, за кои ќе одлучат жителите на општината.

,,Наместо за скулптури и барок, парите за “Скопје 2014“ да ги намениме за училишта и градинки.Развоен и домаќински буџет, според потребите на современото живеење, но и според желбите и интересите на жителите на општина Центар. Вака ќе се планира и носи буџетот на општина Центар за 2018-та година.

Токму затоа беше организирана првата сесија на буџетскиот форум од страна на Центарот на заедницата на општина Центар и општина Центар. Им благодарам на граѓаните и невладините за активното учество и предлозите.Концептот “Општина по мерка на граѓаните“ ќе биде почитуван и при кроењето на тежината и трошењето на општинската каса.Особена грижа ќе се води за најмладите. Сите училишта и градинки на територијата на општина Центар ќе бидат реконструирани, а децата ќе ги добијат најдобрите услови за престој, образование, воспитување и учење.

Дел од средствата ќе бидат добиени од грантови и донации. И во наредниот период продолжува фасадирањето на зградите, со тоа што тие ќе добијат енергетски ефикасни фасади и голема заштеда, ќе се субвенционира поправањето на покривите, за што се прават напори за добивање грант.Маџир Маало, Крњево и Кале, каде е неопходна интервенција ќе се направи реконструкција, во општината ќе бидат поставени штедливи светилки, а соодветни средства ќе бидат поделени за развој на спортот, културата, возрасните и младите. Ќе се решава и проблемот со паркирањето. Моја заложба е да се тргне Градскиот паркинг од центарските улици, ЈП “ПОЦ“ да обавува и комунални дејности, а онаму каде што е неопходно ќе се поставуваат и монтажни паркинзи“-изјави Богдановиќ.