Градоначалникот на општина Центар разменува искуства со збратимени градови во Истанбул

 

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, е во официјална посета на општина Бијоглу, Истанбул, во рамките на состанокот на градоначалниците на збратимените градови.

Богдановиќ оствари средба со градоначалникот на општина Бијоглу, Ахмет Мисбах Демирчан.

На средбата се разменети искуства за функционирањето на двете општини. Двајцата градоначалници констатираа дека Центар и Бијоглу имаат можности за заеднчки проекти и размена на искуства. Договорена е соработка во сите области.

Демирчан со задоволство ја прифати поканата на Богдановиќ да биде гостин на општина Центар. Градоначалникот Богдановиќ даде и интервју за турските медиуми.

Општината Бијоглу е централна и најразвиена  општина во Истанбул, информира прес службата на оштина Центар.