Градоначалникот Поцков забрани да се дели пропаганден материјал во училиштата

Градоначалникот на општина Гевгелија , забрани да се дели било каков пропаганден материјал меѓу учениците во училиштата во општината, а во иднина тој мора да биде запознаен со содржината и да даде согласност:

,,Во врска со скандалот кој ја потресе гевгелиската јавност поврзан со анкетата за интеграција на мигранти и бегалци спроведена минатата недела во ООУ ,,Владо Кантарџиев“- Гевгелија, градоначалникот Сашо Поцков испрати итно Известување до сите училишта во општината, во кое побара отсега па натаму пред да се подели било каков промотивен, пропаганден или анкетен материјал меѓу учениците, градоначалникот задолжително да биде запознаен со содржината и од него да се побара согласност.

Сево ова со цел во иднина да не се повторат вакви и слични случаи кои можат да ги вознемират учениците, родителите и пошироката јавност“-информираше општина Гевгелија.