Граничниот премин Евзони блокиран со трактори

Втор ден преминот Евзони на македонско -грчката граница е затворен за сообраќај во двете насоки. Штрајкуваат грчките земјоделци кои со трактори ја блокираа целата сообраќајница и кон Грција и од Грција за влез во Македонија. Собраќајот преку Богородица не функционира ниту за автомобили, ниту за камиони, па сите возила се пренасочуваат на Дојран.

Грчката новинска агенција АНА извести дека земјоделците штрајкуваат заради новите даноци и придонеси за социјално осигурување.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола се уште е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

АКО.мк