Граничните премини кон Грција затворени заради штрајк на цариниците

Поради штрајк на грчките цариници на 09.11.2017, г.п. Дојрани ќе биде затворен за патнички и товарни возила во период од 05:00 до 23:00 часот, ќе се пропуштаат само пешаци.

На граничниот премин Евзони, штрајкот започна од 05:00 часот на 09.11.2017 и ќе трае до 23:00 часот. Сообраќајот за тешки моторни возила ќе биде во целосен прекин, додека патнички моторни возила и пешаци повремено ќе се пропуштаат.

На граничниот премин Ники, штрајкот започна од 05:00 часот на 09.11.2017 и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден на 10.11.2017 година. За време на штрајкот ќе се пропуштаат само пешаци, додека сообраќајот за сите моторни возила ќе биде во прекин.