Активистите на здружението за заштита на животни Амина Мунди, ветринарот на здружението  Раде од VA Remedium Vet,  и граѓани кои се најдоа на местото на настанот, успеаа да го опорават паднатиот коњ на улица во Скопје и да го кренат на нозе.

Коњот во лоша состојба, изгладнет и крајно измалтретиран од сопствениците, Роми кои го користат како влечна сила на нивната приколка, падна изнемоштен среде улица во Капиштец. Наместо да му помогнат, сопствениците го тепале и присилувале да стане. Притрчале на помош граѓани, а подоцна дојдоа и активисти на Анима Мунди, кои го освестуваа коњот, а му беше дадена и инфузија. По неколку часа, коњот е исправен на нозе, но сега не се знае што ќе се случува со него понатаму.

Измачувањето коњи е секојдневна практика низ улиците на Скопје, па и пошироко. Не ретко, откако ќе изнемоштат, сопствениците ги оставаат да умрат на улиците.

Анима Мунди повика институциите итно да реагираат и да ги заштитат овие кутри животни.

АКО.мк