Голем дел од жителите на Македонија имаат проблем со личната култура и однесување на јавни места. Се чини нема предел, град, село кои не се претворени во диви депонии. Зачудува ниската свест на голем дел граѓани, отсуство на лична и основна култура, но и отпор да се прифати одговорен колективен начин на живеење. Често се вели-тие работи се учат во градинка, но очигледно дека за многумина поимот на чиста околина и чување на животната средина е мисловна именка.

Македонија е потоната во ѓубре, пред се заради некултурата на нејзините граѓани, а потоа и заради отсуство на државна реакција, неспроведување на законите и казнената политика. Еве како изгледаше Лешочки манастир по заминувањето на верниците, по прославата на верскиот празник Голема Богородица:

 

Покрај патот од Скопје до Охрид постојано има ѓубре во големо количество, а паркиралиштата се претворени во вистински депонии. Годинава дополнителен проблем беше сметот што невоспитаните и прости патници го фрлаа од своите автомобили дури чекаат на неколкуте семафори долж патот каде се врши реконструкција:

  

Дивите депонии од кои цело лето се гушат Струга и Тетово, ѓубрето коешто го оставаат зад себе луѓето по планините и националните паркови, се слика и прилика за нивото на општата култура на македонските граѓани.

Крајно време е ако веќе граѓаните не се свесни , државата да ја преземе ситуацијата во свои раце и да започне образовни програми за основно поведение и култура уште од градинка, а возрасните кои очлигледно манирите ги загубиле некаде во годините зад себе, да почне да ги казнува според законските прописи кои ги има во оваа област.

Во спротивно, немате право да се лутите кога наместо Македонија, многумина заедничката татковина ја нарекуваат-Ѓубредонија!

АКО.мк