Граѓанскиот активист Никола Наумоски поставен за шеф на кабинет на Шилегов

Уште еден граѓански активист ангажиран во политиката. Овојпат на локално ниво. Нов ѓеф на кабинет на градоначалникот Петре Шилегов, како што објави а1он е Никола Наумоски .

Оваа информација за А1он ја потврдил лично Наумоски. Тој беше дел од изборната кампања на Петре Шилегов.

– Не сакам да бидам јас главната ѕвезда во целата ситуција, туку во фокусот треба да остане работата на новиот градоначалник и Градот Скопје, вели Наумоски за А1он.

Тој неколку години е дел од граѓанските здруженија и невладини организации, кои протестираа по разни поводи, како што е сечењето дрвја, загадувањето и друго. Беше дел од Шарена револуција.

Често јавно го критикуваше и се конфронтираше со поранешниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски.