Груевски:Ние сме горд глас на оваа нација, ние сме независен глас на Македонија

Синоќа од Велес, Груевски им ветуваше на гласачите лесно стекнување нов дом за младите и нови 150.000 работни места.

Тој најави дека новата ера ќе донесе отпис на долговите за социјално загрозените семејства

Приматели на социјална и постојана парична помош (околу 35.000 лица).Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот (околу 8.000 лица) Семејства коишто се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Република Македонија. Овој проект произлезе од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозени семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој Проект-рече Груевски.

Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година.

 -Бидете сигурни. Владата е во голема паника. Тие се во паника затоа што вие забележавте дека овие луѓе не можат да постигнат ништо во текот на своето владеење. Мислеа  или се надеваа дека не можете тоа да го видите и разберете, но не само што останува забележано туку и се чуствува секојдневно кај сите. Овие луѓе од власта се неспособни. Тие се неспособни. Тие се практиканти без искуство и капацитет. Тие не знаат економија, не знаат инвестиции, работа во локална самоуправа, изјави Груевски.

Тој кажа дека тие се толку вознемирени и немаат конкретна идеја што да направат во врска со тоа:

-Тие оставија сè друго настрана и само фрлаат кал врз мене. Тие велат: “ние самите не можеме да сториме ништо, барем да го деградираме Груевски и да го обесхрабриме ВМРО”. Не си го трошете време, тоа нема никаква смисла. Ние сме горд глас на оваа нација, ние сме независен глас на Македонија. Ние сме Македонија. Нашето разбирање на работите е дека луѓето се на прво место. Наша цел е да го зголемиме квалитетот на животот и животниот стандард на нашите граѓани. Колку и да тврдиме дека сакаме победа на локалните избори, ние пред се сакаме да ги освоиме срцата на луѓето и да им помогнеме, сакаме да ги допреме нивните животи, изјави Груевски.

Тој напомена дека работат за да се осигураат дека секој граѓанин добива добра услуга, добри проекти и решенија за своето место.

-Нашата цел е да обезбедиме решенија за секој граѓанин на нашата држава, за да ги достигне стандардите на граѓаните од развиените земји во светот, нашите деца да добијат подобро образование, за нашите млади да имаат повеќе работни места, за нашите работници да имаат повеќе приходи, за нашите пензионери да добијат повисоки пензии, подобри социјални и здравствени услуги. Ние не бараме само победа на претстојните избори, ние размислуваме, им даваме приоритет на утрешните генерации. Ние размислуваме 10 години нанапред. Размислуваме 20 години нанапред. Ние имаме соништа, имаме визија, имаме храброст, љубов и вера и имаме одлучност.  Тоа е нашата главна разлика и квалитет од другите, порача Груевски од Велес.