,,Слобода за убијците на децата од Смилковско езеро, но затвор за патриотите. Амнестија на над 1000 затвореници, но затвор за оперскиот пејач, режисер, актер, архитект, лица кои покажаа патриотизам и никого не повредија, поранешен министер за внатрешни работи кој даде се од себе да ја обезбеди безбедноста на државата и на и тоа го правеше граѓаните. Куп негови колеги и соработници се ставени во притвор, затоа што не сакаа да потпишат записник кој што е лажен, кој што е неточен и кој што некој го барал од нив.

Неправда е намерата за притворање на пратениците од ВМРО и од  коалицијата затоа што биле на своите работни места во парламентот.

Плачот на децата на Жаклина, на Дурловски, на Сашо, на Владо, на Крсто, на многу несреќни мајки на сите неправедно приведени како Богдан и другите останува да се памети со горчина, и тага.

Затоа што овие луѓе страдаат поради Македонија.

На 27-ми април незаконски, а со тоа и неправедно се назначи претседател на парламентот, се чини свесно темпирано токму во време кога сите знаеја дека се одржува едночасовниот протест на граѓаните пред парламентот кои што претходно 59 дена мирно протестираа. Очигледно со намера да се постави стапица на револтираниот народ.

Потоа се случија несакани работи. И денес многу невини луѓе страдаат, а тензиите во општеството растат. Затоа, со сета осуда на насилството од поединци, со целосно сочувство кон оние кои беа физички нападнати и повредени, но земајќи ги во обзир и грешните чекори на власта, ВМРО-ДПМНЕ предложи закон за амнестија на учесниците од инцидентот на 27-ми април 2017тата и почеток на период на национално помирување, затоа што овој реваншизам не не води никаде. Доста е!

Владо Јовановски, Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Митко Чавков, неговите колеги и многу други граѓани не се терористи. Не се терористи тоа е лажно обвинување. Шесте пратеници  на ВМРО и коалицијата не се терористи. Тоа е лажно, многу лажно обинување. Тоа е неправда.  Тие само беа на своето работно место во парламентот и никого ниту убија ниту повредија.

Бараме слобода за патриотите. Бараме слобода за неправедно притворените. Потребно е национално помирување. Потребно е да се запре со неправдите. Да запрат политичките прогони. Да запрат хајките и местенките, притисоците и заплашувањата. Да запрат неправдите во Македонија.

Македонија мора да оди напред. На Македонија и требаат реформи, влез во НАТО и ЕУ, напредок, инвестиции, нови работни места и пред се правда. А не реваншизам и неправди. Народот бара подобар живот, повисок стандард, повисоки пензии, плати, решавање на проблемите И ПРЕД СЕ ПРАВДА

Денес одовде порачуваме: неправдите се препознаваат секој ден. Но времињата ќе се променат. Народот ќе си ја врати државата и со тоа народот ќе ја врати правдата во Македонија . Правда мора да има. Неправдите на власта мора да запрат и ќе запрат, затоа што овој народ го бара тоа.

 

Македонија мора да успее. Македонија мора да оди напред. Македонија мора да биде силна, успешна и европска држава.“

(обраќање на Никола Груевски,лидер на ВМРО ДПМНЕ, протестен марш, 03.12.2017 година пред Влада на РМ, Напомена:видео илустрациите се редакциски прилог на Ако.мк)