Груевски бара да му се врати пасошот за да оди кај унгарскиот премиер Орбан

Одбраната на Никола Груевски , денеска пред Апелациски суд бараше да му се врати пасошот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Нкола Груевски, кој од јули му е доземен, како мерка на претпазливост изречена  од судот, каде се поднесени 4 обвиненија од СЈО за тешки злоупотреби на службената должност.

Како главен аргумент одбраната ја достави поканата од унгарскиот премиер Виктор Орбан до Груевски да ја посети оваа земја.

Одбраната на Груевски реагираше дека на овој начин му е оневозможена активна меѓународна политичка комуникација, со што му се врши деградација, а на партијата  нормално функционирање.