Груевски: Бидете промената што сакате да ја видите(Ганди)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната Политичка академија која ја организираа Кондар Аденауер и институтот „Павел Шатев“, се обрати до кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе ја имаат одговорноста да го спроведат она што го има во програмите на ВМРО-ДПМЕ,соопшти оваа партија.

-Најголемите резултати во животот најчесто се постигнуваат со едноставни средства и искажување на вообичаени одлики. Имајте доверба во себе, затоа што ќе ја имате довербата од народот, ветувајте го она што се сигурни дека ќе го направите, така ќе ја имате самодовербата и довербата од народот подоцна. Како што Ганди велеше „Бидете промената која сакате да ја видите“-рече Груевски.

Ние, никогаш не ветуваме дека ќе решиме се, свесни сме дека има уште многу работа, и ние знаеме како понатаму, граѓаните со нас се на сигурно, рече тој.

Груевски рече дека нивните противници ќе ветуваат чуда и волшебни решенија, бидејќи тие немаат друг избор.

,,И тие немаат образ да останат на зборот, и тоа го покажаа во минатото безброј пати, а во последните три месеци триесет пати го сменија зборот, го погазија кажаното, се демантираа“, вели Груевски.

-Кога на национално ниво ветуваа, а не остваруваа, тоа ќе биде пресликано и на локално ниво. Народот е мудар и знае да разликува што е реално и остварливо, а што не е, и уште поважно народот знае кој држи до зборот, а кој не, кога ќе ветиме остваруваме. Ние оставаме за нас да говорат делата, кои се гледаат, чувствуваат, посетуваат, користат, кои помагаат, изјави Груевски.