Груевски: Првиот допир со демократијата е на локално ниво

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска стандардно, пред локалните избори беше присутен на политичката академија која ја прават во соработка Конрад Аденауер и иститутот „Павел Шатев“, тој изрази големо задоволство за соработката со германската фондација Кондар Аденауер,пишува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

-Особено е задоволството што соработката со германската фондација Конрад Аденауер преминува во едно традиционално пријателство. Отвореноста на фондацијата да помогне и да се соработува во проекти кој се корисни за јакнење на капацитетите и функционалноста на демократијата што е нужна за напредокот на едно општество преставуа капитал кој ни е корисен во функционирањето на нашата партија, изјави Груевски

Груевски напомена дека токму првиот допир со демократијата и првиот впечаток се гради токму на локално ниво, преку функционирањето на локалната самоуправа.

-Токму со локалната самоуправа, со нејзиното функционирање, со изборите се наоѓаме во период каде демократскиот капацитет на институциите ќе бидат ставени на тест. Пред нас се локалните избори на кој народот ќе одлучи кој може подобро да се грижи за неговите интереси, и да понуди решенија за секојдневните проблеми, изјави Груевски.

Тој кажа дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, покажа дека умее и знае да работи.

-Ако со еден збор би се опишало нашето дејствување, тоа е работа. Работа која донесе многу решенија за граѓаните, за нивните проблеми, нивните очекувања, нови патишта, водоводи и канализациии, нови улилишта и градинки, нови паркови, спортски игралишта и сали, нови стандарди во секој поглед и во секое поле. Секако има и работи кои можеле да се направат подобро, но важно е што секогаш се работеше максимум за доброто на граѓаните, изјави Груевски.

Тој порача дек овие локални избори не се само обични избори, затоа што сега се наоѓаме на раскрсница каде со одлуката на пенкалото се очекува да се избере патот по кој ќе се движи државата во иднина, а изборот иако е очигледен, одлуката е важна и клучна.

-Потребно на Македонија и е нова визија, кое ќе ја разбуди економијата која замира, ќе обезбеди еднакви шанси за работа, ќе го сопре падот на стандардот, ќе донесе подобра иднина за сите нас. Во изминатиот период од 100 дена имаме длабоко скршнување од патот кој значеше сигурна Македонија, имаме пад на индустриското производство, и вчера беше регистриран најнов пад и на прометот во индустријата, изјави Груевски.

Тој кажа дека ова покажува дека носечките индустрии во државата забавуваат, а тоа се одразува во реалниот сектор. Напомена и дека има најави на компании кои сакаат да си заминат од државата.

-Просечните плати паѓаат, а извозот се намалува, 52 милиони евра помалку се извезувало во јули, во споредба со јуни што е пад од 12 осто. За сметка на тоа имаме непочитување на базичните правни принципи, законски нормативи и правила. Имаме именувања на функции надвор од сите законски норми, свесно кршење на законот формирајќи една пракса на таканаречено затруено дрво, каде еден лош преседан води кон друг уште полош и незаконски. Неизвесноста се зголемува, а несигурноста во бизнисот, на работа, во секојдневието се мултиплицира. И кога можеа тоа да го направат за само стотина дена, можете да замислите како би изгледало ако се дозволи тоа да се прави една, две или повеќе години. Велат зборот бил збор, но зборот не вреди ништо без делата. Нивните зборови без акција се атентатори на идеализмот, говореше претседателот на САД Хувер, изјави Груевски.

Груевски порача дека на Македонија и се потребни дела.  А веќе е проверено дека кога станува  збор за дела, за работа, за решавање на прашањата кои се важни за народот, одговорот е ВМРО –ДПМНЕ, кажа лидерот на најбројната партија во Собранието-изјавил Груевски.(соопштение на ВМРО ДПМНЕ)