Груевски: Ќе победиме на локални избори

,,Ќе победиме на претстојните локални избори“-ова денеска го рече Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање дали мисли дека ВМРО ДПМНЕ има шанси да го добие овие избори.

Тој обвини дека врз градоначалниците на Прилеп и Кавадарци е извршена политичка хајка од страна на СДСМ.

,,Живееме во период кога нашите политички опоненти од СДСМ не можат со нас да се натпреваруваат со работа и резултати. Тие не можат да работат на начин како нас, таа нивна неспособност и неработење се обидуваат да ја покријат со оцрнување на противникот. Сега вршат притисок врз судството и обвинителите обидувајќи се на што повеќе наши функционери да им подметнат кривични пријави. Тоа го прават со цел кај народот да се внесе сомнеж дека градоначалниците работеле незаконски и на тој начин СДСМ да победат на локалните избори, истакна Груевски.

Градоначалникот на Кавадарци беше осуден без никакви докази и по исказот на сведок кој постојано ги менуваше изјавите. Градоначалникот на Прилеп пак неосновано беше парично казнет по префарбување на општинската зграда од како истата беше нападната од Шарената револуција-рече Груевски.