Грчката противпожарна служба објави снимка од извлекувањето на загинатите планинари(видео)

Грчката спасувачка екипа на противпожарната служба, на својот твитер профил објави куса снимка од акцијата на извлекување на загинатите македонски планинари.

27 годишната Калина Велевска и 35 годишниот Александар Миновски од Скопје,завчера загинаа на Кајмакчалан, откако прво се одвоиле од својата планинарска група, а потоа паднале во бездна во услови на невреме, ветер и густа магла.