Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, божикните празници ги поминува во Белград. Тој е гостин на српскиот претседател Александар Вучиќ, објави  “Прото тема”.

Грција го одбележува Божик по грегоријанскиот календар, а Ципрас решил овој христијански празник да го помине во Белград заедно со семејството.

Ципрас уште не одговорил  дали ќе им се придружи за Нова Година во Солун на Заев и Бутарис, каде што македонскиот премиер е поканет од градоначалникот на овој град, за време на посетата на Скопје.