Дачиќ одржа концерт пред наставниците во грчка Паралија(видео)

Пред речиси 300 наставници од српскиот град Јагодина, кои се на одмор со Драган Марковиќ-Палма во грчка Паралија, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, не го испушти микрофонот од раце на вечерата. Тој одржа цел концерт пред расположените наставници, кои бесплатно летуваат со контроверзниот Палма.

Двајцата политичари, инаку нераздвојни пријатели, ги дружеле наствниците на одмор во Грција, кои наводно, дошле да учат за европските искуства во образованието.