Дачиќ: Срамота ако е точно дека Николиќ ќе се кандидира за Претседател

Актуелниот Претседател на соседна Србија Томислав Николиќ се чини нема лесно да се предаде и ќе им ги помати сметките на Александар Вучиќ, СНС и коалициските партнери. Имено, според рускиот портал Спутник и Н1 тв, Николиќ на прославата на својот 65 роденден изјавил дека донел одлука да се кандидира на претстојните претседателски избори. Тој беше навреден претходно што неговата партија СНС, која практично ја формираше со помладиот Александар Вучиќ, не смета веќе на него за втор мандат, туку донесе едногласна одлука на претседателство на партијата тоа да биде актуелниот Премиер и претседател на партијата Вучиќ.

Николиќ изјави дека не е изненаден од исходот на гласањето за кандидатурата на Вучиќ, иако новинарите инсистираа да каже дали и неговиот син, кој е член на претседателството, гласал за Вучиќ.

Лидерот на социјалистите и актуелен министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, по веста дека Николиќ донел одлука да се кандидира за Претседател на Србија, рекол дека е тоа срамота. Ако е тоа точно уште посилно ќе го поддржиме Вучиќ , изјавил Дачиќ.