Двајца Македонци учествуваа на традиционалниот маратон во Њуjорк(видео)

На традиционалниот, 47 по ред маратон во Њуjорк, учествуваа и двајца Македонци. Мариа Дуда како поддршка на главниот маратон претходниот ден трчаше на 5 километри, и Грегор Пановски трчаше со илјадници натпреварувачи од светот на 42 километра.

Дуда, која патем има своја линија спортска опрема со продажни места во Њуjорк и во Македонија, учествува неколку години на овој маратон, но и на многу други низ светот.

Шалин Фланиген е првата жена Американка, која во 40 години, победи на маратонот во Њујорк, истрчувајќи за два часа, 36 минути и 53 секунди.

„За овој момент сонував од малечка“, изјави 36-годишната Фланиген, која е добитник на сребрен медал во дисциплина 10.000 метри, на Олимпијадата во 2008-та.

Трката се одржа под засилено обезбедување, пет дена по нападот во Њујорк, кога камион прегази осум луѓе на велосипедска патека.

Од кабинетот на градоначалникот на Њујорк, изјавија дека два милиони луѓе излегле на улица за да ги поздрават тркачите.

Почетокот на маратонот е на Стејтен Ајленд, а потоа се трча по улиците на познатите градски квартови Квинс, Бруклин и Бронкс, а целта во познатиот Централ Парк на Менхетн. Маратонот во Големото јаболко е еден од најмасовните, со бројка и од над 50.000 учесници, и еден од шесте најпознати во светот, заедно со оние во Чикаго, Бостон, Лондон, Берлин и во Токио.

АКО.мк