Двајца полицајци извадија живо бебе од контејнер фрлено од 39 годишна мајка

Женско новороденче, старо само неколку денови, било фрлено за време на новогодишната ноќ во контејнер во Сараево. Полицајците Митхат Хоџиќ и Аднан Турчало, по јавување на случаен минувач во сараевската населба Кошево, дека од еден од контејнерите се слуша чуден звук, веднаш дошле на лице место и имале што да видат.

Раскажуваат дека кога пробуричкале меѓу ѓубрето, забележале убаво облечено бебе, кое дури и не плачело. Веднаш го извадиле од контејнерот и го внеле во полициското возило за да го стоплат.

Овие двајца млади полицајци се херои на новогодишната ноќ во Сараево, а неодговорната 39 годишна мајка, набргу е уапсена. Детето ќе ѝ биде одземено и дадено на посвојување, а таа ќе одговара за повеќе кривични дела.

Младите босански полицајци се уште не можат да поверуваат што им се случило ноќта на Нова Година, но се пресреќни што навреме интервенирале. На местото од каде биле повикани пристигнале за неполна минута, возејќи лудо низ улиците на Сараево.

Женското новороденче е згрижено во една од сараевските болници и е во добра здравствена сосотојба.