Двоглавата желка Јанус слави 20-ти роденден

Двоглавата желка Јанус, главна ѕвезда во музејот во Женева, го прославува својот дваесетти роденден.

Заради својата аномалија, родена е со две глави, оваа желка како музејски експонат, успеа да преживее 20 години, што веројатно не би било случај доколку останеше во природа.

Во природнонаучниот музеј Јанус има посебен третман, начин на исхрана и чување.

Двете глави живеат секоја за себе, посебно се хранат, а според кажувањето на нејзините чувари, едната глава е подиминантна од другата.