Дежурен лекар на Токсилогија е прободен со нож

Дежурниот лекар на Клиника за токсилогоја, вечерва е прободен со остар предмет, најверојатно нож.

Според се уште неофицијални информации, докторот е прободен два пати во пределот на стомакот. Според информации од клиниката, заради тежината на повредите, докторот ќе биде опериран уште во текот на ноќта.

Полицијата уште не излегува со информации за инциедентот и причините за него.

Ова не е прв ваков напад на некој лекар. Неодамна беше пукано во доктор од незадоволен пациент.