Дембеле ќе заработува 20 милиони евра во Барселона по сезона

 

Најскапо платениот фудбалер во историјата на Барселона, Осман Дембеле би можел да заработи 20 милиони евра уште во првата сезона на „Камп Ноу“, пишува германски „Шпигел“.

Французинот ќе има фиксна плата од 12 милиони годишно, но со дополнителните бонуси би можел да заработи плус осум милиони евра.

Дембеле стана втор најскап играч во историјата на фудбалот. Борусија Дортмунд доби 105 милиони евра, а уште 42 милиони евра можат да бидат исплатени како премии.

Германскиот весник исто така открива дека Каталонците платиле девет милиони евра на сметка на агентите кои го застапуваат Дембеле.