Демократот Бил де Бласио со големо мнозинство реизбран за градоначалник на Њујорк

Кандидатот на демократите, Бил де Бласио, со големо мнозинство освоени гласови, дури 75 проценти, е реизбран за  градоначалник на Њујорк.

Де Бласио (65) обезбеди нов четиригодишен мандат остварувајќи  убедлива победа над републиканската противкандидатка Никол Милиотакис (36).

Градоначалникот на Њујорк се смета за еден од најгласните критичари на американскиот претседател Доналд Трамп.

-Вечерва Њујорк испрати порака до Белата куќа- не може да се борите против вредностите на Њујорк и да победите, господине претседател. Ако се свртите против вредностите на родното место, вашето родно место ќе ви врати, изјави синоќа Де Бласио.