Денеска се избира претседател на Кривичен суд и ќе се изрече пресуда за избеганиот Грујевски

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница треба да избере претседател на Основен суд Скопје 1, а изборот е меѓу Владимир Панчевски, Весна Димишкова и Иван Џолев. Најголема шанса му се дава на Џолев.

Втор настан кој го привлекува вниманието е изрекувањето на првата пресуда за предмет произлезен од обвинение на СЈО.

Станува збор за предметот ,,Тврдина2“, во кој е обвинет поранешниот началник на Петта управа, Горан Груејсвки и неколку службенички од МВР како помагатели за извршување на кривично дело-уништување документи.

СЈО за Грујевски побара максимална казна за ова кривично дело, а за службенички алтернативна, односнно условна казна.

Горан Грујевски е во бегство и се наоѓа во притвор во Грција, кадешто беше уапсен заедно со Никола Бошкоски. Министерство за правда веќе испрати барање за нивна екстрадиција.