Дерала: Глупчо и Шљам!

ГЛУПЧО

Ми кажуваат дека онаа мизерија од карактер што поседува септичка јама од портал, повторно навредува и лаже. Од сѐ што напишал, точно е дека му свртев телефон на овој билмез и лешинар, љубезно, иако со прекор, да му кажам да го прочита и објави официјалното соопштение во кое има факти, наместо да се брука со погрешни информации. За возврат, ме навреди и ни опцу мајка на сите во ЦИВИЛ.

Останатото во неговиот хистеричен излив на вулгарности и паланечки простотилак, не е за коментирање. Јавноста го знае моето потекло и моето дејствување. И – јавноста знае дека тој, всушност, работи за криминалци.

Со ова дивјачко однесување, очигледно, се обидува да ја попречи нашата неуморна и бескомпромисна заложба за разобличување на неправдите. Сите му се смеат и знаат дека нема да му успее да го задржи вниманието на себе. НИЕ ПРОДОЛЖУВАМЕ! Не може еден нездрав лик да нѐ вознемири, ниту да нѐ изнервира.

Тој е тотално без совест и морал! Овој грд и умоболен мутант се обидува да го одземе вниманието и времето од мене и од тимот (во кој се наоѓа и активистот кој тој толку „загрижено“ го брани), време и внимание потребни да ја вршиме нашата работа.

Сиротиот непрокопсаник, кој нема трошка интелигенција, тргнал да се шета гол и валкан, на отворено, на очиглед на сите. Еве му, со овој статус, уште работа.

Глупчо!

РАФАЛ ЗА ШЉАМОТ

(извадок) од колумната на Џабир Дерала за Плусинфо

,,Тие се жители на мочуриштето на разореното општество во кое нема интелигенција, туку сплет од ниски страсти и основни пориви за одржување. И така, режимот ги изнедри овие мутанти во социјалната лабораторија, каде што имаа посебно место – играа за режимот, а глумеа опозиција. Сега се веќе набабрени, мрсни гадинки кои се закачуваат на здраво месо и цицаат крв.“…