Десет причини зошто треба да одите на пилатес

Пилатесот се заснова на осум принципи:

 Опуштање
 Рамнотежа
 Контрола
 Прецизност
 Рутина
 Дишење
 Хармонизација
 Ритмичко движење

Десет причини зошто треба да го практикувате пилатесот:
1.Подобрено држење
-Вашиот рбет ја носи тежината на телото и му помага да се движи со леснотијата и удобност.Тоа е всушност теорија, но во практика со часови поминати пред тв и компјутер, значи дека природниот облик на рбетот е изгубен, што резултира со болки во грбот и рамењата. Пилатесот помага повторно да се исправи рбетот , то а со тоа доаѓа и подоброто држење на телото.

pilates-fisios-2

2. Ослободување на болката во рамењата
-Како што е познато, голем дел од болката во долниот дел на рамениците доаѓа од лошото држење и секојдневното оптоварување на рбетот.

3.Добар сон
-Прашајте кого сакате да ги именува трите работи од суштинското значење за животот и ќе ви ги наброи следните:вода,воздух и храна. Многу мал број луѓе ќе го споменат сонот, а сепак тој е премногу важен во животот. Вознемирувачки е издавањето на 10 милиони рецепти на таблети за спиење секоја година во Англија- од што може да видиме колкав број луѓе патат од несоница. Пилатесот може да ви помогне во истегнувањето на мускулите, ослободување од напнатост и болка, а исто така може да помогне во овозможувањето на природен сон.

pilates

4. Зголемете ја својата снага и издржливост на мускулите без накачување на нивна маса
-Пилатесот помага во зголемување на вашата снага и издржливост без додавање на непожелните масивни мускули затоа што се фокусира на развивање на основата на мускулот- мускул кој се наоѓа во стомакот и во карлицата, како и на рамењата. Со зголемувањето на тонусот и истегнување на овие мускули, како и исправената положба на телото, ја зголемувате својата природна снага и издржливост.

 

5.Пилатесот може да ви помогне во спречување на остеропороза
-Една од две жени и еден од петмина мажи постари од 50 години во Велика Британија ќе скршат коска, главно поради коскено пореметување кое се вика остеропороза. Остеропорозата ги напаѓа коските на три милиони луѓе во Велика Британија секоја година, така што коските(посебно рбетните, рачните зголобови и колкови) стануваат тенки и слаби и подложни на скршеници. Пилатесот активно може да ви помогне да не станете едни од луѓето што имаат вакви проблеми.

images

6. Одличен начин да се опуштите и да го победите стресот
-Пилатесот е полесниот облик на вежби што буквално ве запознава со вашето тело. Колку подобро го разбирате вашето тело и како тоа функционира, толку ќе ви биде полесно да се ослободите од напнатоста, да се опуштите и да го победите стресот.

7.Помош и спречување на инконтиненција (неконтролирано мокрење)
-Стрес инконтинецијата е најчест облик на манифестација и влијае на повеќе од три милиони луѓе во Велика Британија. Причина за вакво неконтролирано мокрење сепак има кај бремените жени, кога мускулите на карлицата можат да бидат ослабнати, но исто така мусклуите во карличните предели можат да ослабнат и со стареење. Пилатесот ќе ви помогне да ги зајакнете своите мускули под карлицата.

 

8.Подобрување на својата рамнотежа и координација
-Пилатесот помага во подобрување на вашата рамнотежа и јакнење на мускулите. Подобар баланс и координација значи помалку повреди-оттука расте популарноста на пилатесот меѓу професионалните спортисти-од денсери до рагби играчи.

9. Помага во опоравување после повреди и спречување на повторување на повредите
-Поради начинот на кој се практикуваат вежбите со рамномерно и мало оптоварување, пилатесот е широко познат како корисен за луѓе кои се опоравуваат од одредени видови на повреди, вклучувајќи ги повредите на вратот и други спортски повреди. Многу од повредите кои им се случиле на спортистите можеле да се избегнат, а пилатесот може да одигра голема улога,обезбедувајќи правилни движења на телото и телесната сила, што доведува до смалување на повредите.

10.Без болка до топ резултати
-Во многу сали може да слушнете дека без болка нема добивка, но тоа не може да го слушнете и во пилатес студијата. Пилатес е благ облик на аеробик, со вежби кои ги затегнуваат и зајакнуваат мускулите, без оптоварување на зглобовите и срцето.

Подготви:Ангела Лазаревска