Дескоска и Таравари договорија директно учество на засегнатите во решавање на проблемите на лицата со попреченост

 

Министерката за образование и наука проф. д-р Рената Дескоска и министерот за здравство д-р. Арбен Таравари, денеска одржаа работен состанок со претставници на граѓанската иницијатива „5 до 12“.

На средбата, беше истакнато дека од страна на Министерството за образование и наука ќе бидат вклучени претставници на граѓанската иницијатива „5 до 12“ во работните групи, кои ќе се формираат за измена на Законите за основно и средно образование, како и на Законот за учебници.

Министерката Дескоска ги информираше претставниците на граѓанската иницијатива „5 до 12“, дека во Стратегијата за образование 2017-2021, која е во подготовка, се предвидени низа активности за подобрување на можноста за образование на лицата со попреченост.

Еден од приоритетите на Министерството за здравство во претстојниот период, ќе биде унапредување на здравствената заштита на лицата со попреченост, хендикеп и посебни потреби.

Двете страни, констатираа дека се потребни редовни работни средби со цел решавање на дневните проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост во Република Македонија